20.10.2008.
Адвертајзинг тим-билдинг ден
Компанијата "Color Press Group" на 17 октомври во новосадскиот хотел “Парк“ организираше "Advertising Team Building Day" на кој присуствуваа 70 агенти вработени во маркетингот на ЦПГ во Србија, Босна, Македонија и Словенија, а предавачи беа професионалци од областа на маркетингот, огласувањето, продажбата, интернет-маркетингот и издавањето.
На присутните прво им се обрати претседателот на ЦПГ – Роберт Чобан, и изразувајќи го своето задоволство поради тоа што компанијата по 16 години работа е меѓу најуспешните меѓу домашните фирми, всушност направи пресек и анализа на маркетингот во Србија и регионот низ изданијата на "Color Press Group" од основањето на компанијата до денес.
Роберт Чобан истакна дека нестабилната политичка и економска ситуација значително влијаеле врз развојот на маркетинг-пазарот, но и врз квалитетот на содржините и опремата на магазините во кои се пласираат огласи.
Катарина Станисављевиќ, клиент сервис-директор на агенцијата “Media House", го претстави процесот на медиа-планирањето, Иван Станковиќ, сопственик на агенцијата "Communis" одржа мошне интересно предавање на тема “Малото е убаво“ (“Small is beautiful"), Владимир Мајсторовиќ, сопственик на агенцијата “Срма“, ги заинтересира присутните со предавањето – “Статус кво“, а Иван Полторацки од агенцијата "Strawberry" отвори нови видици во врска со употребата на интернетот во маркетингот. Сите учесници констатираа дека тим-билдинг денот беше мошне пријатен и полезен и дека отсега се радуваат на наредното ново дружење и размена на искуства.


















