Advertising
Да се продаваат огласи во најтиражните и најчитаните магазини во Србија и во околината и не е така тешко. Меѓутоа, маркетинг-тимот на Color Press Group секојдневно го усовршува својот пристап во комуникацијата со партнерите, во поврзувањето на редакциите и уредниците на магазините со огласувачите за да се реализираат сите идеи и барања на нашите бројни клиенти. Доколку сакате вашиот производ или услугата да се прочујат низ цела Србија како и во земјите од регионот, контактирајте не и ние ќе ви ја понудиме најдобрата опција, со која за вашите пари ќе го постигнете најголемиот ефект, бидејќи нашите магазини се најдобриот CPT (Cost per Thousand) на пазарот.
- Color Media DOOEL
Адресата: Дебарца 3, 1000
Скопје
Тел. Факс. : ++389 2 3223 064;++389 2 3116 567
E-mail: office@colormedia.com.mk
Ценовници
Маркетинг
Маркетинг-тимот на компанијата “Колор Прес Група“ овозможува едноставна презентација на нашата издавачка куќа, комуникација со читателите, огласувачите, на другите медиуми како и на институциите што се во партнерска врска со компанијата или сакаат да станат наши соработници или клиенти. Презентацијата на компанијата е достапна на сајтот, па форма на newsletter што редовно го добиваат нашите партнери и деловни соработници, а интерната, но и екстерната комуникација се збогатени со порталите на Facebook и со компанискиот блог.
Со анализа на пазарот и со следење на медиумите добиваме месечни извештаи за читаноста и популарноста на нашите изданија, кои секогаш ги прикажуваме на нашиот сајт. Податоците кои можат да се преземат се добиени врз база на истражувањата на Стратегик Маркетинг, АБЦ Србија и Media Clipping од Белград. Маркетинг-тимот организира и промоции, случувања, ги известува медиумите и заинтересираната јавност за хуманитарните акции, пресови, излегувањата на новите магазини на пазарот и за сите проекти во кои е вклучена нашата компанија.
Маркетинг-тимот пред се е насочен кон промоцијата на КПГ-магазините, додека компанијата се ориентира и кон развојот на сопствената комуникација, а најважната цел ни е да ја одржиме корпоративната репутација и искрениот партнерски однос со читателите и другите медиуми.